Ракомет

Ракометна лекција од Данска за Германија и златен медал на ОИ

Ракометна лекција од Данска за Германија и златен медал на ОИ

Ракометната репрезентација на Данска стигна до златниот медал на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако во финалето кое беше само на хартија, ја прегази репрезентацијата на Германија со убедливи 39-26.

За истакнување е тоа што денеска својот последен натпревар го одигра легендарниот дански ракометар Микел Хансен, кој по игрите во Париз става крај на кариерата.

Maтијас Гидсел со 11 гола беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Јури Кнор постигна шест гола.

To top