Македонските ракометари ќе настапат на претстојното Светско првенство и ќе играат во Вараждин, град кој буди убави ракометни спомени.
Македонскиот тим е во групата со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја, а реалните очекувања се да ја минеме оваа група и да се пласираме во главната рунда во која ќе вкрстиме со Франција, Австрија, Катар или Кувајт.
Мотиви за достојно презентирање на државата не недостасуваат, а РФМ и Владата на Македонија дополнително ќе ги наградат репрезентативците за секоја остварена победа.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов вети награда од 1.000.000 денари за секоја остварена победа, а премиерот Христијан Мицкоски вети иста таква премија од 1.000.000 денари за секоја остварена победа.
Првиот натпревар на Мундијалот нашата селекција го игра против Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна следи дуелот со Холандија, а последниот меч на 19 се игра против Гвинеја.