Ракометарот на Еурофарм Пелистер Дејан Манасков вчера бил приведен во Охрид по завршување на ракометен натпревар.
-На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, вчера се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.
Во врска со нарушувањата на јавниот ред од мир, од полицијата со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.