Ракомет Следува интересна борба за првото место

Познати полуфиналисти на ракометниот Супер Глоуб

Познати полуфиналисти на ракометниот Супер Глоуб

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург, кој двапати по ред го освојуваше првото место, на последниот натпревар од групната фаза славеше против Универзитет Квинсленд со 57:14 и закажа полуфинале со Келце.

Токму полуфиналниот дуел меѓу бундеслигашот и полскиот прваќ ќе биде реприза од последното финале од Лигата на шампионите, кога ракометарите на Магдебург ја освоија титулата во европската елита.

Во второто полуфинале ќе играат екипите на Барселона и Фуксе Берлин. Каталонскиот гигант убедливо го доби дуелот против Ал Ахли со 11 гола разлика, 37:26, додека Фуксе Берлин славеше над Ал Кувајт со 37:28.

Екипите на Ал Ахли, Ал Кувајт и Ал Наџма ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место. За пласман од 9 од 12  место ќе разигруваат Ал-Нур,  Сан Франциско и Универзитет Квинсленд.

To top