Ракомет гостински победи во првите дуели

Победи за Алкалоид и Вардар во Суперлигата

Утре со почеток во 17:30 часот играат Еурофарм Пелистер и Тиквеш. Во четврток на програмата се два дуела: Радовиш е домаќин на Охрид, додека во дербито на дното на табелата играат МРК Куманово и Струга. Оваа рунда ќе биде комплетирана во сабота со натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Пролет.

Победи за Алкалоид и Вардар во Суперлигата

Екипите на Алкалоид и на Вардар со победи го завршија есенскиот дел од ракометната Супер лига. Двете екипи вечерва постигнаа гостински победи во првите дуели од 18.коло.

Алкалоид го совлада Бутел како гостин со 33:28. Избраниците на Кирил Лазаров имаа одличен старт и водство од 3:0, а потоа со нова серија од три гола дојдоа до предност од 14:8 во финишот на првиот дел. Во второто полувреме Алкалоид рутински ја задржа предноста. Никола Костески (Алкалоид) со 8 голови беше најефикасен на дуелот.

На натпреварот во Прилеп домашниот тим поведе со 3:0, но лидерот на табелата Вардар направи серија од 6-0 и водството постојано го одржуваше за на крајот да слави победа со 31:25. Дмитро Хорига (Вардар) со 10 голови беше најефикасен на дуелот.

Утре со почеток во 17:30 часот играат Еурофарм Пелистер и Тиквеш. Во четврток на програмата се два дуела: Радовиш е домаќин на Охрид, додека во дербито на дното на табелата играат МРК Куманово и Струга. Оваа рунда ќе биде комплетирана во сабота со натпреварот Еурофарм Пелистер 2 – Пролет.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Табела: Вардар 34 бодови, Алкалоид 29, Е.Пелистер 28, Охрид 27, Тиквеш 18, Бутел 18, Прилеп 16, Е.Пелистер 2 15, Пролет 12, Струга 6, МРК Куманово 5, Радовиш 0. (МИА)

To top