Машката ракометна репрезентација на Унгарија ја забележа првата победа на ОИ и славеше против Аргентина со убедливи 35-25.
Унгарците беа доминантни во текот на целиот натпревар и ја продолжуваат трката по четвртфиналето во Париз.
Имре беше најдобар стрелец кај победничката репрезентација со седум гола, додека пет пати стрелаше Рошта. Кај Аргентина се истакна Пабло Симоне со пет погодоци.