Ракомет

ОИ: Унгарија го изненади Бразил

ОИ: Унгарија го изненади Бразил

Женската ракометна селекција на Унгарија приреди изненадување во Париз, откако со неверојатен пресврт го совлада фаворизираниот Бразил со 24-25.

Иако Бразилките имаа пет гола предност, упорните Унгарки направија херојски камбек и успеаја да освојат два бода.

Симон со пет гола беше најпрецизна вo победничкиот тим, додека по четири погодоци за Бразил постигнаа Кантино, Де Паула и Фернандез.

 

To top