Ракометната репрезентацијата на Шпанија доживеа уште еден пораз, овој пат од Унгарија со 27-24. За Унгарија ова е втор триумф и стигнаа до вкупно пет бода во групата Б.
Унгарија имаше предност од два гола на паузата (14-12), а во вториот дел успеа да ја одржи предноста и не дозволи да си ја загрози важната победа. Шпанија успеа да израмни на 20-20 во 44. минута, но остана без сили за евентуален пресврт и на крајот загуби со конечни 24-27.
Најефикасна во редовите на Унгарија беше Клујбер со шест голови, додека кај поразениот состав ист скор забележа Александрина Кабрал.