Ракомет

ОИ: Шпанија ја надигра Јапонија

ОИ: Шпанија ја надигра Јапонија

Шпанската ракометна репрезентацијса ја оствари втората победа во групата А на Олимписките игри, откако попладнево славеше над селекцијата на Јапонија за конечни 37-33. За националниот состав на Шпанија ова е втора победа во три натпревари на Олимпискиот турнир.

Најефикасен во шпанскиот состав беше Одриозола со шест гола, додека кај Јапонија најдобар поединец беше Јашуира, кој запиша еден погодок повеќе.

Шпанија сега има четири бода и останува со шанси за прогрес во четвртфиналето, додека азиската селекција останува со три порази и без освоени бодови.

To top