Ракомет

ОИ: Шпанците ја испратија Хрватска дома и ја избегнаа Данска

ОИ: Шпанците ја испратија Хрватска дома и ја избегнаа Данска

Ракометната репрезентација на Хрватска не успеа да се пласира во четвртфиналето од ОИ во Париз откако „коцкестите“ денеска го загубија клучниот дуел од Шпанија со резултат 32-31.

Хрватите се надеваа на реприза на дуелот од последното ЕП кога ја демолираа „црвената фурија“, но овојпат не најдоа одговор за одличниот Гонзало Перез де Варгас и претрпеа уште еден пораз што значеше и пакување на куферите и враќање назад во татковината.

Гонзало Перез де Варгас имаше 14 успешни интервенции (9 од нив во првото полувреме), Родригез со шест и Алеиш Гомез со пет гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека на Хрватите не им помогна ниту извонредниот шутерски ден на Кларица, кој имаше седум погодоци без промашување.

Шпанците за ривал во четвртфиналето ќе ја имаат селекцијата на Египет, домаќинот Франција ќе се сретне со Германија, Данска ја очекува скандинавско дерби против Шведска, додека во последната четвртфинална пресметка силите ќе ги одмерат Словенија и Норвешка.

To top