Ракомет

ОИ: Победа на Данска над Шведска за драма во групата

ОИ: Победа на Данска над Шведска за драма во групата

Женската ракометна репрезентација на Данска забележа победа над Шведска од 25-23 во групната фаза на Летните Олимписки Игри.

Иверсен, Хаснен и Фрис дадоа по четири гола кај Данска, додека кај Шведска, Хагман даде шест гола, а не помогна и добрата партија на голманката Бундсен која фати вкупно 12 топки.

Во Групата А ќе биде драматично до крајот, затоа што Норвешка, Шведска и Данска имаат по четири бода, а зад нив се Германија, Словенија и Јужна Кореја со по два бода.

To top