Ракометната репрезентација на Хрватска со 30-29 ја совлада Јапонија на стартот на Олимписките игри во Париз.
„Каубоите“ се вратија од шест гола негатива во второто полувреме и со гол во последната секунда на Мартиновиќ ги скротија Јапонците.
На овој натпревар блесна поранешниот вардарец Косуке Јасухира кој даде десет гола за Јапонците, додека кај Хрватите се истакна Марио Шоштариќ со шест.