Хрватска експресно се опорави од поразот од Словенија во минатото коло, откако денеска славеше на дуелот со Германија со резултат 31-26.
Кузмановиќ имаше 12 одбрани на голот на Хрватска, а во нападот блескаше Мартиновиќ со девет погодоци, пред Дувњак и Шоштариќ со по пет.
На спротивната страна, Гола беше прв стрелец на Германија со осум гола, додека Волф остана на скромни осум интервенции за оваа селекција.