Репрезентацијата на Холандија оствари победа во групата Б на женскиот ракометен турнир, откако славеше над Шпанија со конечен резултат 29-24.
„Лалињата“ беа подобар ривал и во првите триесет минути, а во вториот дел со одлична игра само ја одржуваа предноста и го потврдија триумфот.
Најдобра ракометарка кај победниците беше Лоис Абинг со пет голови, додека на спротивната страна Аркос постигна шест погодоци, а Гонзалез и Гутиерез додадоа уште по пет.
Холандија сега има четири бода во групата и е многу близу до пласман во четвртфиналето.