Ракомет

ОИ: Данска подобра од Франција во ракометното дерби

ОИ: Данска подобра од Франција во ракометното дерби

Иако Франција ја имаше предноста на домашниот терен и поддршката од публиката, Данците беа тие кои беа на повисоко ниво и славеа со 37:29.

Првиот дел мина во израмнета игра и со минимална предност на Данците од 18:17, но вторите 30 минути беа сосема поинаква приказна, избраниците на Јакобсен продолжија да играат ефикасно во нападот, ама во исто време беа поцврсти во одбраната, формула која им донесе славје од осум разлика.

Питлик и Гидсел дадоа по по 11 гола, додека Ландин собра 15 интервенции. Во францускиот состав се истакна Деска со седум реализации.

To top