Ракомет

Одложен ракометниот натпревар помеѓу Израел и Грција

Одложен ракометниот натпревар помеѓу Израел и Грција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот помеѓу најдобрите женски ракометни репрезентации на Израел и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.


Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ЕХФ: Одложен ракометниот натпревар помеѓу Израел и Грција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот помеѓу најдобрите женски ракометни репрезентации на Израел и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Препорачано

 

Овој меч во рамките од квалификациската група 6 првично беше закажан за в среда, 4 март, во Ришон-ле-Зион.

Одлуката е донесена поради актуелните случувања на Блискиот Исток со нивните последици врз воздушниот сообраќај во Израел и во соседните земји, како и соодветните безбедносни прашања и потребата од заштита на националните тимови и официјалните лица.

Натпреварот е одложен до понатамошно известување од страна на ЕХФ.

Нов датум и ново место на одржување на мечот ќе бидат соопштени навремено.

To top