Трите скандинавски селекции, Норвешка, Данска и Шведска, домаќините на 26. Светско првенство (СП) во ракомет за жени, плус Франција, се пласираа во полуфиналето и ќе разигруваат за медалите.
Полуфиналните двојки се Данска – Норвешка (17.30 часот), односно Шведска – Франција (21ч.), а мечевите ќе се играат во Хернинг, Данска.
Дуелот Норвешка – Данска ќе биде реприза на финалето од Европското првенство (ЕП) 2022-та во кое победија Норвежанките (27:25).
Финалето и мечот за трето место ќе се играат е в недела, 17 декември, во Хернинг.