Ракомет Репрезентацијата е комплетна

Никола Митревски се приклучи на националниот тим

Никола Митревски се приклучи на националниот тим

Македонската ракометна репрезентација е комплетна. Од денеска на тренинзите се приклучи искусниот голман, Никола Митревски, кој имаше обврски со својот тим Порто и доби ден одморот од селекторот.

Кирил Лазаров и неговите избраници првата фаза од подготовките ја одработуваат во Стара Пазов каде ќе одиграат еден контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора.

To top