Ракомет

Неверојатно издание на Словенецот Влах на ОИ кој постигна 14 гола

Неверојатно издание на Словенецот Влах на ОИ кој постигна 14 гола

Во меч во кој славеа многу потешко од очекувањата, Словенците на крајот успеаја да го скршат отпорот на упорните Јапонци, и тоа пред се благодарение на неверојатниот Алекс Влах.

Левиот бек на Словенија беше несопирлив на теренот и постигна нестварни 14 погодоци, речиси половина од вкупниот број на голови кои ги запиша неговиот тим.

Словенија победи со 29:28 и со овој триумф се пласираше четвртфиналето на едно коло пред крајот на втората фаза, па во завршното коло може да избори само подобра позиција на табелата.

Словенците во последното коло играат против Германија и тоа ќе биде директна битка за првото место.

To top