Ракомет

Младинците на РК Е. Пелистер подготвени пред настап во младинската Лига на шампионите

Младинците на РК Е. Пелистер подготвени пред настап во младинската Лига на шампионите

Во првото издание на младинската ракометна Лига на шампионите за мажи Македонија ќе ја претставува Е. Пелистер.

Битолската екипа ќе игра во групата 4 во Букурешт, Романија, заедно со Киелце, Висла Плоцк и домаќинот Динамо Букурешт.

Полуфиналните двојки се Киелце – Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк – Динамо Букурешт. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година. Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн, Германија.

Во групата 1 се Загреб, Пик Сегед, Веспрем и Војводина, во групата 2 Барселона, ПСЖ, Нант и Спортинг Лисабон и во групата 3 Фуксе Берлин, Магдебург, ГОГ Гудме и Савехоф.

РК Еурофарм Пелистер го обелодени ростерот со кој ќе настапи во Романија:

To top