Ракомет ракомет

Кузмановски го дели првото место на листата на стрелци, Костески најдобар „крадец“

Филип Кузмановски зрело го одработи првиот голем натпревар како капитен на Македонија. Членот на Еурофарм Пелистер гордо ја носеше капитенската лента, а на средбата со Унгарија беше вистински лидер на нашиот национален состав.

Со десет постигнати гола Кузмановски беше најдобриот македонски ракометар во ремито со силната Унгарија, а со тоа се најде на делба на првото место во листата на стрелците на овој собир. Во своите први натпревари по десет гола постигнаа уште Данецот Матијас Гидсел, германскиот репрезентативец Ренарс Ушчинс и Италијанецот Лео Прантнер.

„Фитиљ“ зад своето име забележа и три асистенции, со што заедно со Ушчинс се најде врвот на листата со најмногу придонеси за гол (голови и асистенции) по првото коло на шампионатот.

Македонија има уште еден лидер во статистичките категории. Ненад Костески со трите украдени топки ја дели првата позиција во оваа категорија со Данецот Арнолдсен.

Македонија во второто коло ќе се сретне со селекцијата на Холандија, која во првиот натпревар славеше над Гвинеја.

To top