Ракомет останува селектор

Ивица Обрван и понатаму ќе ја води Хрватска

Ивица Обрван и понатаму ќе ја води Хрватска

Иако јавноста во Хрватска бараше оставка од Обрван, сепак, и покрај неуспехот на СП, хрватска ракометна куќа преку соопштение му даде целосна поддршка на стратегот на „коцкестите“ истакнувајќи дека тој и понатаму ќе остане на селекторската функција.

,,На новиот селектор, кој, да потсетиме, ја презеде репрезентацијата на само десетина дена пред Мундијалот, во ситуација кога не ги познаваше повеќето играчи, а дел од нив беа повредени и не играа цели два месеци пред настапот во Шведска, не му беше лесно да ја среди целата работа без да го наруши односот на силите и атмосферата во тимот. По ова првенство тој сигурно ќе биде попаметен и не се сомневаме дека репрезентацијата под негово водство во иднина ќе изгледа сосема поинаку. Ивица Обрван е многу добар тренер и не го заборавил својот занает. Низа несреќни околности го доведоа до ситуација каква што немал во својата тренерска кариера, а веруваме дека не треба да се потсетувате дека тој освои се како тренер”, стои во дел од соопштението на ХРС.

Обрван и неговите избранички настапот на Светското првенство 2023 го завршија на 14. позиција.

To top