Градот од кој потекнуваат многу македонски ракометари, Струга, остана без еден од своите поранешни членови.
По кратко боледување почина некогашниот кружен напаѓач на стружани, Дејан Џутески, на 44-годишна возраст.
Дејан Џутески целата своја кариера која не траеше премногу долго ја помина во матичниот клуб и не ја промени средината, иако имаше голем потенцијал.
Во Струга работеше под палката на Сашо Србиновски, а беше во тимот кога тренери на клубот беа и Каланоски, Коцарески, Матлиески…