Ракометарите на Вардар одиграа извонреден меч со исландскиот Валур и остварија убедлива победа до 33-26, но уште поважно е тоа што прикажаа одлична игра.
Неколку пати така ја измешаа одбраната на противничкиот тим што на моменти изгледаа како фудбалскиот тим на Барселона од пред една деценија.
Врв беше акцијата од финишот на првото полувреме кога по неколку „ситни“ додавања, следуваше цепелин кон Георгиевски кој ја круниса на магичен начин – со лоб.