Ракомет

Хрватска ја победи Словенија и остана во игра за полуфинале на ЕП

Хрватска ја победи Словенија и остана во игра за полуфинале на ЕП

Хрватската ракометна селекција направи огромен исчекор кон полуфиналето на Европското првенство, откако знаеше како да го искористи киксот на Швајцарија, која одигра нерешено со Исланд (38-38).

„Коцкестите“ со сигурна и зрела игра ја совладаа Словенија со 29-25 и привремено се искачија на челната позиција во групата.


Фото: Hrvarski rukometni savez

Хрватска ја победи Словенија и остана во игра за полуфинале

Хрватската ракометна селекција направи огромен исчекор кон полуфиналето на Европското првенство, откако знаеше како да го искористи киксот на Швајцарија, која одигра нерешено со Исланд (38-38). „Коцкестите“ со сигурна и зрела игра ја совладаа Словенија со 29-25 и привремено се искачија на челната позиција во групата.

Препорачано

 

Свесни за тежината на дуелот, Хрватите уште од самиот старт влегоа максимално фокусирано и агресивно, што брзо даде резултат. По десет минути игра имаа убедливо водство од 5-1, а до крајот на првиот дел целосно го контролираа ритамот и на пауза заминаа со предност од 14-11.

Во второто полувреме следуваше реакција од Словенија, која во 42. минута успеа да израмни на 18-18, а потоа и на 19-19. Сепак, и покрај налетот, Словенците ниту еднаш не дојдоа до водство. Откако го одби тој притисок, Хрватска во финишот повторно ја презеде иницијативата и со серија од 4-0 меѓу 54. и 58. минута се одлепи на 29-24, со што ги реши сите дилеми околу победникот.

Најрасположен во хрватските редови беше Тин Лучин, кој реализираше седум голови од девет обиди, додека Давид Мандиќ додаде шест погодоци.

Значајна улога во клучните моменти имаше и голманот Доминик Кузмановиќ, кој со неколку важни интервенции, меѓу кои и две одбранети топки во завршницата, ги урна надежите на Словенија. Кај поразените, Новак и Макуц беа најефикасни со по шест голови.

Со овој пораз, словенечката репрезентација ги загуби сите шанси за пласман меѓу најдобрите четири, додека Хрватска сега самата си ја крои судбината. Во последното коло од главната фаза, „коцкестите“ утре ќе играат против веќе отпишаната Унгарија, со јасна цел, место во полуфиналето.

 

To top