Хрватската ракометна репрезентација имаше брилијантен старт на настапот на Европското првенство во Германија, совладувајќи ја селекцијата на Шпанија со 39:29 во САП Арената во Манхајм.
Хрватска по четврти пат во историјата го отвори Европското првенство против Шпанија.
Во претходните три наврати двете репрезентации остварија по една победа, а еден натпревар заврши нерешено.
Носени од гласната поддршка од околу осум илјади хрватски навивачи во САП Арената во Манхајм, избраниците на Горан Перковац одиграа спектакуларен натпревар.