Македонија со нерешен резултат 27-27 против селекцијата на Унгарија, го стартуваше Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Вечерва во Вараждин одигра тежок и борбен, но и крајно неизвесен натпревар.
На полувремето заминавме со нерешен резултат 14:14, а победата силно ја посакуваа и двете репрезентации.
Македонија одигра феноменнално до самиот финиш, и за влакно ја не дојде до посакуваната победа.
Натпреварот заврши со нерешен резултат 27-27, а ремиито и освоениот бод претставуваат голема мотивација за нашите ракометари.
Следниот натпревар Македонија ќе го одригра во сабота против селекцијата на Холандија со почеток од 18:00 часот.
Холандија денеска ја совлада Гвинеја со резултат 40:23 и со освоени два бода се наоѓа прва на табелата во групата Д, следат Унгарија 1, Македонија 1, Гвинеја 0.