Ракомет

Германија во драматичен меч ја исфрли Франција од ОИ

Германија во драматичен меч ја исфрли Франција од ОИ

Ракометарите на Германија ја издржаа драмата и по продолженија славеа против Франција и славеа минимално со 35-34 во четвртфиналниот меч на Олимписките игри.

Пресметката во „Пјер Мороа“ пред полните трибини со француски навивачи гледаа спектакуларен натпревар во кој гостинот во последната секунда се избори за продолженија, а потоа во нив дојде и до пласман во полуфинале.

Перфектна офанзивна партија со 13 реализации имаше Ренарс Ушчинс, а кај Французите со десет се истакна Дика Мем. Кога сме кај голманите, луда и победоносна партија имаше искусниот Винсен Жерар со неверојатно 24 интервенции, а неговиот колега Шпат на спротивната страна собра 13.

To top