Ракомет

Германија ќе игра за злато на ОИ, Волф во главна улога

Германија ќе игра за злато на ОИ, Волф во главна улога

Германија е првиот финалист на ракометниот турнир во машка конкуренција на Летните Олимписки Игри, билет кој го обезбеди со драматична победа над Шпанија од 25:24 (12:12).

Ракометната класика донесе многу возбудувања, борба, неизвеснот, игра на една топка, а на крајот како пресудна се покажа чудесната партија на германскиот голман Андреас Волф. Волф имаше 21 одбранa меѓу кои и неколку клучни во финишот.

Кога се работи за стрелците Усчинс со шест и Гола со четири гола  беа најефикасни кај Германците, на спротивната страна лидер беше Фернандез со пет реализации.

To top