Германија славеше на дуелот против Словенија, во директната пресметка за првото место во групата што Германците апсолутно го заслужија откако попладнево ги демолираа избраниците на Урош Зорман со убедливи 36-29.
Каи Хефнер со седум гола од седум обиди беше клучна фигура во нападот, шест постигна Хејман, додека најефикасни кај Словенија беа Хорзен со седум и Хенигман со четири погодоци.
Германија за противник во четвртфиналето ќе ја има четвртата селекција од другата група, поуспешната од денешниот дуел меѓу Франција и Унгарија