Женската ракометна репрезентација на Шведска испушти триумф во последните секунди од полуфиналето против Франција, а потоа „триколорите“ комплетно ги свртеа нештата во своја полза и обезбедија ново олимписко финале.
Натпреварот во регуларното време заврши со нерешени 25-25, а потоа Франција во дополнителното време го заокружи трииумфот со конечни 31-28.
Херои на домашната селекција беа Лаура Флипе, која донесе израмнување во последната секунда од регуларниот тек и голманката Сако, која одбрани многу топки во клучната фаза.
Најефикасна во победничкиот тим беше Хорасек со осум голови, додека кај Шведска осум погодоци постигна Хагман.