Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025.
Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот.
Македонските ракометари поддршка добија и од Фудбалската федерација на Македонија.
-Екипа која ја врати радоста кога се игра за репрезентацијата. И која ја врати радоста да се гледа репрезентацијата! Веруваме и знаеме дека ќе продолжите да напредувате. И тогаш можеби ќе одиме чекор понатаму. Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат, порачаа од ФФМ.