Македонската машка ракометна репрезентација утре го стартува настапот на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, а започнува денеска.
Македонија е во групата Д која натпреварите ќе ги одигра во Вараждин, Хрватска, заедно со Унгарија, Холандија, Гвинеја.
Избраниците на Кире Лазаров и овој пат ќе имаат поддршка од трибините. Според последните податоците од организаторот, потврдени се најмалку 1.000 македонски навивачи кои ќе бидат на трибините во „Вараждин арена“.
Црвено-жолтата боја во голем дел ќе ја обои спортската сала во Вараждин, а „Фалангата“ е веќе подготвена за жестоко навивање и максимална поддршка за ракометарите.
Македонија првенството го отвора утре со натпревар против Унгарија закажан во 20:30 часот.
Ова е трето големо натпреварување за Македонија на хрватско тло. По СП 2009 и ЕП 2018 година.
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.