Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер без освоен бод го заврши настапот во Лигата на шампиони, откако загуби вечерва на гостувањето во Трондхајм од норвешки Колштад со 34-27 во завршниот натпревар од групата А.
Без неколку стандардни првотимци во вечерашниот состав, Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот беше во резултатска негатива која на полувреме изнесуваше четири голови разлика (17-13).
No space? 🤔 No problem for 𝐂𝐯𝐞𝐭𝐚𝐧 𝐊𝐮𝐳𝐦𝐚𝐧𝐨𝐯𝐬𝐤𝐢 😎#ehfcl #clm #DareToRise pic.twitter.com/h8PPfwi1L9
— EHF Champions League (@ehfcl) March 6, 2024
Норвешкиот тим без поголеми проблеми ја одржуваше предноста и во вториот дел, а со серија од 6-2 во финишот на крајот дојде и до убедлива победа.
Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Урош Борзаш со десет голови.
Македонскиот шампион го заврши настапот во групната фаза со 12 порази во исто толку натпревари.