Репрезентацијата на Данска е вториот финалист на ракометниот турнир на Олимписките Игри кои се одржуваат во Франција.
Скандинавците успеаа да ја минат полуфиналната рунда, поточно да слават тесно над борбена Словенија со 31:30.
Хансен не реализираше пенал за плус два во последната минута, па се отвори простор за Словенија да се избори за дополнителни минути.
Меѓутоа Словенците не пронајдоа соодветно решение, не го загрозија голот на противникот и Данска се пласираше во мечот за златото каде ќе ги одмери силите со Германија.
Ландин со шест гола беше најефикасен кај победикот, Бомбач и Влах на другата страна имаа по седум реализации.