Данска со 24-22 ја совлада Франција и се пласира во финалето на Европското женско ракометно првенство каде ќе игра против Норвешка која со 30-22 славеше над Унгарија.
Франција беше фаворит во дуелот со Данска, но скандинавските ракометарки дојдоа до триумф кој ги однесе во финале.
Данска го доби првото полувреме со 13-11, а во вториот дел дојде и до највисоки шест голови разлика, беше 20-14. Франција до крајот успеа само да намали на негатива од два. Конечниот резултат беше 24-22 за данските ракометарки.
Хансен со седум голови беше најефикасна во составот на Данска, кај Франција Фопа постигна четири.
Претходно Норвешка со убедливи 30-22 ја совлада Унгарија во првото полуфинале.Реистад со седум голови беше најефикасна кај Норвежанките, Клујбер даде пет за Унгарија.