Ракомет

Ангеловски: Вардар може да чека, но нема да дочека наш кикс

Ангеловски: Вардар може да чека, но нема да дочека наш кикс

Тренер на македонскиот ракометен шампион Бранислав Ангеловски истакна дека промашените зицери во финишот и одбраните на Мартин Томовски беа клучни за победата на Вардар 1961 во големото ракометно дерби.

„Ова дерби е празник за ракометот во Македонија. Секој натпревар е своја приказна. Нема послаб-појак на овие средби, игра мотивацијата и главата. Ние не бевме вистински во настапот на главните играчи. Но, имаме залиха и тоа нè држи во живот. Ќе бидеме вистински кога најмногу ќе треба. Воопшто не се сомневав дека може да загубиме со шест разлика, можеби звучам нескромно, но јас секогаш сум искрен.

Промашените зицери и одбраните на Томовски во клучните моменти ја решија средбата. Секако не сакам да ја намалам вредноста на нашите голмани и тие беа добри, но во најпотребниот момент Томовски беше одличен. Атмосферата беше одлична, јас би посакал на секој натпревар да биде вака, да се игра пред полни трибини. Добивме аплауз од вардаровите навивачи, како што Вардар доби во Битола. На нив им станува да чекаат наш кикс, но тој кикс нема да го дочекаат“, рече Ангеловски.

To top