Шесткратниот шампион на тенискиот Мастерс во Рим, Новак Ѓоковиќ, во третото коло загуби од Алехандро Табило (2:6, 3:6).
Така, за прв пат по 2004 година, во четврт-финалето на овој турнир нема да се најдат ниту Србинот, ниту Рафаел Надал кој претходно беше елиминиран.
Да потсетиме дека Надал и Ѓоковиќ 16 пати го имаат освоено Мастерсот во Рим.
Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 7,8 милиони евра. (МИА)