Тулкин Киличев, селекторот на боксерската репрезентација на Узбекистан, доживеа срцев удар за време на прославата на златото на неговиот избраник.
Тој можеше да го загуби животот пред четири дена додека го прославуваше златото на Хасанбој Дусматов.
Животот на селекторот на Узбекистан го спасиле неговите британски колеги, тврди „Сан“ и наведува дека Киличев доживеал инфаркт во просториите на Ролан Гарос, каде се одржуваше боксерскиот меч.
Во моментот кога доживеал срцев удар, до него биле двајца олимписки тимови на Велика Британија кои почнале да го оживуваат.
-Тоа беше повик за лекар. Многу тренери беа видно вознемирени од целата ситуација, па ни требаше малку време да ги тргнеме сите од патот. На почетокот не реагираше, но по околу 20-30 секунди се освести, што беше одлично, изјавија за „Сан“ физиотерапевтот Роби Лилис и докторот Харџи Синг.
Би-Би-Си јави дека тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.
This is one the stories of the Olympics. The Uzbek boxing coach suffered a heart attack in Roland Garros as he celebrated one of his boxer’s wins. Life saved by 2 medics attached to GB boxing. Recovering in hospital in Paris. Uzbekistan won 5 gold medals at Games #Paris2024 https://t.co/qy6OTDnBsk
— Sean McGoldrick (@SeanMcGoldrick1) August 11, 2024
Tulkin Kilichev is in stable condition now. Uzbekistan Olympic team officials congratulated him online after the Jalolovʼs match. https://t.co/V7hFoQAqXm pic.twitter.com/ll9B2OG6P5
— Jalol Akhmedov🇺🇿 (@JalolAkhmedov) August 11, 2024