Останати спортови

ВИДЕО: Нурмагомедов исфрлен од авион, еве што бил изговорот на екипажот

ВИДЕО: Нурмагомедов исфрлен од авион, еве што бил изговорот на екипажот

Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов беше отстранет од авион пред полетувањето поради несогласувања со екипажот на летот.

Социјалните мрежи беа преплавени со снимки на кои се гледа расправија меѓу стјуардеса и борачот, што резултираше со негово напуштање на авионот и излегување.

Расправијата настанала поради тоа што рускиот државјанин седел на седиште покрај вратата за итен излез од авионот, а персоналот наводно се чувствувал непријатно поради тоа и не смеел да остане на тоа седиште.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија (до 70 кг) и во полусредна категорија (до 77 кг) истакна дека пред полетувањето го прашале дали зборува англиски, на што тој одговорил потврдно. Ова е обично единствениот услов во протоколот на авиокомпанијата за едно лице да седи до наведената врата за итни случаи.

Меѓутоа, ситуацијата ескалирала кога стјуардесата инсистирала дека таа не го отстранува Нурмагомедов поради сомневање за неговите јазични вештини, туку поради непријатноста што ја чувствувала екипажот поради неговото присуство на тоа седиште.

Непоразениот борец (29-0) инсистираше дека е квалификуван да им помага на луѓето и дека треба да го остават на мира, но на крајот сепак доброволно го напушти авионот.

По час и половина долетал до посакуваната дестинација преку друга авиокомпанија.

Во своето огласување на социјалните мрежи тој напишал дека бил цел на национална, расна или некоја друга основа и дека инцидентот не се случил случајно.

-Прво сакам да појаснам дека тоа беше Fly Frontier, а не Alaska Air. Жената која ми пријде со прашања беше многу груба од самиот почеток, иако зборувам многу добро англиски и разбирам се, се согласив да помогнам, таа сепак инсистираше да ме префрли од моето место која беше основата за тоа, расна, национална или некоја друга, не сум сигурен. Но, по две минути разговор, таа го повика обезбедувањето и ме избркаа од авионот. По час и половина се качив во авион со друга авиокомпанија и отидов до мојата дестинација. Се обидов да останам смирен и љубезен, како што можете да видите на видеото. Но, тие членови на екипажот можат да поминат подобро следниот пат и едноставно да бидат добри со патниците“, напиша Хабиб на социјалните мрежи.

To top