Машката ватерполо репрезентација на САД го освои бронзениот медал на Олимписките Игри во Париз, откако денеска ја совлада Унгарија со вкупни 11:8. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник – 8:8.
Бен Халок беше најефикасен во селекцијата на САД со два гола. Во унгарската репрезентација најдобри играчи беа Ѓерѓо Заланки и Денес Варга кои по два пати се запишаа во листата на стрелци.