Одбојкарките на Турција се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри, откако славеа во драматичен меч против Кина во пет сета со 3-2.
Кинеските одбојкарки имаа повеќе концентрација и подобар блок во финишот и го добија сетот со 25-23.
Турчинките реагираа и водени од Варгас во вториот сет доминираа и го добија овој период со 25-21.
Третиот сет беше во полза на турската селекција која го доби со 26-24.
Сепак, сервис грешките на Турчинките пресудија и Кина издејствува петти сет (25-21). Во решавачкиот сегмент Турција беше селекцијата која се радуваше, откако со 15-12 го реши сетот во своја корист.
Селекцијата на Турција во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од последното денешно четвртфинале меѓу Италија и Србија.