Останати спортови

Трикратниот европски шампион Игор Стефановски со „Ферари“ по нова титула во 2024 година

Трикратниот европски шампион Игор Стефановски со „Ферари“ по нова титула во 2024 година

Како што најави македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го претстави возилото со кое ќе се натпреварува во 2024 година.

Новото возило е „Ферари 488 Челинџ Ево“ (Ferrari 588 Challenge Evo), со осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.

Иџе годинава со 193 поени (категорија 1) се закити со третата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки со својот „Хјундаи и30 ТЦР“, а претходните две титули ги освои во 2014 и 2015 година.

Неговиот план за идната сезона е настап на ридски патеки, но со цел да ги сруши сите рекорди во генерален пласман, додека пак настапот на кружни патеки е опција која зависи од буџетот со кој располага тимот.

To top