Како што најави македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го претстави возилото со кое ќе се натпреварува во 2024 година.
Новото возило е „Ферари 488 Челинџ Ево“ (Ferrari 588 Challenge Evo), со осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.
Иџе годинава со 193 поени (категорија 1) се закити со третата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки со својот „Хјундаи и30 ТЦР“, а претходните две титули ги освои во 2014 и 2015 година.
Неговиот план за идната сезона е настап на ридски патеки, но со цел да ги сруши сите рекорди во генерален пласман, додека пак настапот на кружни патеки е опција која зависи од буџетот со кој располага тимот.