Останати спортови

Тајсон: Сакам да му го откорнам срцето на Џејк Пол

Тајсон: Сакам да му го откорнам срцето на Џејк Пол

На иницијатива на Тајсон комисијата ја промени борбата од демонстративна борба во професионална борба.  Така, резултатот ќе биде внесен во статистиките на двајцата и на тој начин ќе му се заспише на Мајк уште една победа или пораз.

Рундите во бокс траат 3 минути, но Тајсон сакаше оваа борба да биде по 2 минути. Борбата ќе се одржи за 2 месеци во Арлингтон, Тексас. Тајсон едвај чека и се закани дека ќе му го откорне срцето на јутјуберот.

„Добив порака од комисијата дека моите рунди со Пол ќе бидат две минути, а не три. Верувам дека така ќе биде подобро. Двеминутните рунди ќе донесат помалку тактики и повеќе акција. Ќе биде повозбудлива борба за навивачите. Ја сакав оваа промена за да можеме да видиме помалку заостанување и да доживееме поголемо шоу. Сакам да му го откорнам срцето на Џејк од неговото тело“, изјави Тајсон за американските медиуми,

To top