Останати спортови

Светот зборува за големиот шампион, Луис Хамилтон го менува името

Светот зборува за големиот шампион, Луис Хамилтон го менува името

Еден од најпознатите возачи во Формула 1, Луис Хамилтон, одлучи да го промени своето име во чест на неговата мајка Кармен Ларбалестиер.

Како што налага традицијата во Велика Британија, Луис Хамилтон при раѓањето го зел презимето на неговиот татко Ентони, додека презимето на неговата мајка не било вклучено, но Луис решил да го промени.

Хамилтон истакна дека не го разбира обичајот според кој жените често го губат презимето по бракот.

– Многу сакам презимето на мајка ми да живее покрај презимето Хамилтон, додаде големиот шампион.

Очигледно, оваа одлука ја одразува неговата длабока поврзаност со неговото семејство и неговата желба да му оддаде почит на семејното наследство на неговата мајка.

Иако промената беше најавена пред речиси три години, се уште не е јасно дали процесот е официјално завршен.

На официјалниот список на возачи на ФИА, Луис се уште е наведен како „Луис Хамилтон“.

Мајката на Хамилтон, Кармен Ларбалестиер, беше важна фигура во неговиот живот, која го поддржуваше од самиот почеток на неговата кариера.

И самата промена на името е уште еден начин Луис да ја изрази својата благодарност за сè што направи за него.

Иако промената на името можеби нема да има влијание на патеката, за Хамилтон таа носи длабоко лично значење. Со овој чин тој испраќа порака за важноста на семејството и почитувањето на жената во општеството, а сите знаат колку Хамилтон е вклучен во општеството.

Како еден од најуспешните Формула 1 возачи на сите времиња, неговите потези секогаш привлекуваат големо внимание, а оваа одлука секако не е исклучок.

To top