Репрезентацијата на Србија во ватерполо конечно се израдува на голем успех и ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави во полуфиналето на Олимписките игри со 10-6.
Одлично издание имаше Никола Јакшиќ, а на голот блескаше и Радослав Филиповиќ со десет одбрани.
На крајот сосема заслужен триумф за Србија со истиот резултат и пласман во финалето, што значи дека оваа селекција сигурно ќе освои медал
Популарните „орли“ се воедно и актуелни олимписки шампиони од Токио 2020 година.