Останати спортови

Софија Гоџа победник на спустот во Алтенмарк

Софија Гоџа победник на спустот во Алтенмарк

Италијанката Софија Гоџа стигна до првата победа во спуст оваа сезона во Светскиот куп во алпско скијање.

Гоџа имаше маестрално возење на патеката Алтенмарк во Австрија. Зад себе таа ги остави Стефани Вение од Австрија која заврши како второпласирана, додека третото место го поделија Никол Делаго и Мирјам Пухнер.

На програмата во Алтенмарк утре е трката во супервелеслалом. Во генералниот пласман на лидерската позиција е Шифрин со 929 бодови, Брињоне има 765 и Влахова 722.

Кога е само спустот во прашање Гоџа води со 230 бодови пред Швајцарката Јасмин Флури (137 бодови).

To top