Италијанскиот тенисер Јаник Синер коментираше за својата состојба откако се повлече во финалето на турнирот во Синсинати.
– Имам неколку работи што треба да ги подобрам ако сакам да стигнам далеку на Отвореното првенство на САД. Оваа недела беше добар тест за да разберам каде е моето ниво сега. Од тениска гледна точка, сум на добро ниво, но во други аспекти сè уште има простор за подобрување. Отвореното првенство на САД ќе биде тежок турнир, но навистина се радувам на тоа. Се надевам дека ќе бидам во форма – тоа е главната цел тука во САД, го цитира „Пунто де Брејк“ Синер.
Првиот светски тенисер синоќа го предаде мечот со Алкараз во финалето на Синсинати при 0:5 во првиот сет поради здравствени проблеми.
Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 24 август до 7 септември.