Јаник Синер со голем пресврт ја освои првата грен слем титула во кариерата, а беше скромен во изјавата за време на доделувањето на пехарот на Австралија Опен.
Во изјавата што ја даде на теренот веднаш по натпреварот, Синер најпрво му честиташе на Данило Медведев.
-Ова е посебен турнир за мене. Благодарение на мојот тим, на сите во боксот, на оние дома. Се трудевме да се подобруваме од ден на ден, да бидеме посилни, психички. Ме бодревте, бевте покрај мене. Не беше лесно со мене, но ви благодарам на сите“.
Посебна благодарност упатува и до неговите родители:
-На сите дома, особено на семејството, особено на родителите им посакувам се најдобро. Фала што ми дозволи да изберам тенис. Никогаш не ме притискаа. Имав слобода како дете, па затоа им благодарам многу. Се гледаме следната година, благодарам на сите“, заклучи Синер